Саем на книга со две издавачки куќи

Уште утре кумановци ќе имаат можност да ги збогатат домашните библиотеки со најновите изданија на најчитаните автори. Од вчера започна првиот саем на книгата со издавачките  куќи „Полица“ и „Култура“ во организација на градската библиотека „Тане Георгиевски“.

-Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност овие денови од 10 до 19 часот да го посетат саемот и да уживаат во најновите наслови како на литература за возрасни, така и на литература за деца. Саемот се организира на отворено со почитување на протоколите за работа, вели директорката на библиотеката, Христина Алексовска.

Претпразнично, библиотеката ќе организира саем со уште две издавачки куќи „Сакам книги“ и „Матица“.

Надлежните посочуваат дека преку саемите сакаат да ја популаризираат и да им ја доближат книгата на нашите граѓани до крајот на годината.