(ВИДЕО) Отворена изложбата„ Распетие на светлината“ од Марија Величковска

„ Распетие на светлината“ е насловена најновата изложба од авторот Марија Величковска, отворена вчеравечер во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 26 слики коишто дипломираната сликарка во насоката модно креирање ги работела изминатите три години и се дел од нејзиниот трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција. Величковска од 1994 -та до годинава учествувала на бројни изложби во државата.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22 декември годинава.