Трето место за училиштето „Киро Бурназ“ на Trash Fashion

Државното средно училиште  РЦСОО „Киро Бурназ“  освои трето место на Trash Fashion – Јубилејно десетто издание на натпреварувачкото модно шоу за креации изработени со реупотреба на отпад. Тимот од „Киро Бурназ“  беше во состав од ученичките Меланиа Стојмановска, Ангела Станишковска и Анастасија Пешевска, под менторство на Данијела Митиќ.