Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 63 возачи.
При контролата, 53 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 38 возила имале неисправен уред за запирање.