(ВИДЕО) „Чистота и зеленило“ со добивка во третиот квартал годинава

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во третиот квартал од годинава работело со добивка која изнесува 900.000 денари. Споредбено со истиот период  во 2020-та година, добивката годинава за периодот од први јули до триесетти септември е зголемена за околу 2.000.000 денари, информира претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска. Според извештајот за деловно финансиско работење на претријатието, во третиот квартал од годинава и расходите и приходите на „Чистота и зеленило“ се зголемени споредбено со истиот период минатата година.

-За тримесечниот период од 01.07-30.09.2021, односно за третиот квартал 2021 ЈП „Чистота и зеленило“ искажало добивка од околу 900.000 денари што е за 900.000 денари помалку од добивката искажана за првите шест месеци 2021.  Во споредба со истиот период 2020 добивката за третиот квартал 2021 е зголемена за околу 2.000.000 денари. Во 2020  година ЈП за третиот квартал искажало загуба од 1.100.000 денари, а во 2021 година искажува добивка од околу 900.000 денари. ЈП за третиот квартал искажало расходи зголемени за околу 2.500.000 денари во однос на расходите искажани за третиот квартал 2020 година. За третиот квартал ЈП искажало зголемување на приходите за околу 4.400.000 денари во однос на истиот период 2020. Кај расходите најголеми зголемувања се искажани кај услугите за одржување и заштита, наем и лизинг, останати трошоци на вработени, останати расходи на вработени. Обврските на ЈП на 30.09.2021 кон добавувачи се зголемени за 1.300.000 денари, а побарувањата по однос на продажба односно давање услуги на 30.09.2021 година се зголемени за 2.000.000 денари во однос на 30.09.2020, рече Валентина Младеновска, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет

-Во иднина кварталните извештаи да ги добиваме навремено, а не во декември да расправаме за финансискиот извештај на претпријатието за периодот од 01.09 – 30.09 2021-та година. И во иднина подетално да ги добиваме приходната и расходната страна за базенот, за одржување на гробиштата и за собирање на смет, рече Невена Величковска, советник ВМРО-ДПМНЕ