Пронајдена марихуана кај 30-годишен кумановец

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер пред пoлноќ привеле 30-годишен кумановец  бидејќи кај него била пронајдена марихуана, информираат од министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.