(ВИДЕО) „Чистота и зеленило“ со добивка во третиот квартал годинава

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во третиот квартал од годинава работело со добивка која изнесува 900.000 денари. Споредбено со истиот период  во 2020-та година, добивката годинава за периодот од први јули до триесетти септември е зголемена за околу 2.000.000 денари, информира претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска. Според извештајот за деловно финансиско работење на претријатието, во третиот квартал од годинава и расходите и приходите на „Чистота и зеленило“ се зголемени споредбено со истиот период минатата година.

-Во 2020-та година ЈП за третиот квартал искажало загуба од 1.100.000 денари, а во 2021-та година искажува добивка од околу 900.000 денари. ЈП за третиот квартал искажало расходи зголемени за околу 2.500.000 денари во однос на расходите искажани за третиот квартал 2020 година. За третиот квартал ЈП искажало зголемување на приходите за околу 4.400.000 денари во однос на истиот период 2020. Кај расходите најголеми зголемувања се искажани кај услугите за одржување и заштита, наем и лизинг, останати трошоци на вработени, останати расходи на вработени. Обврските на ЈП на 30.09.2021-та кон добавувачи се зголемени за 1.300.000 денари, а побарувањата по однос на продажба односно давање услуги на 30.09.2021 година се зголемени за 2.000.000 денари во однос на 30.09.2020, рече -Валентина Младеновска, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет

-Во иднина кварталните извештаи да ги добиваме навремено, а не во декември да расправаме за финансискиот извештај на претпријатието за периодот од 01.09 – 30.09. 2021-та година. И во иднина подетално да ги добиваме приходната и расходната страна за базенот, за одржување на гробиштата и за собирање на смет, рече Невена Величковска, советник ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ го поддржаа речиси сите советници на последната седница на Советот.