Одрон предизвикал поголема материјална штета врз куќа во населбата Перо Чичо.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи вчера сопственикот на куќата го пријавил случајот кај нив. Во текот на денот била формирана четиричлена екипа на Општинскиот штаб која излегла на местото на настанот и направила увид.
Во текот на денешниот ден се очекуваат понатамошни активности.
