Со масовна литија Куманово вчера го прослави верскиот празник Свети Никола.
Со литургијата во соборниот храм „Свети Никола чиноначалствуваше европскиот митрополит г. Пимен заедно со домаќинот Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и епископот Стобиски г. Јаков.
-Тој е епископ на црквата, тој е оној што ги принесувал даровите за сите и за се, тој е оној што ги осветувал даровите правејќи ги од леб и вино во тело и крв Христови за да го собере на литургија чесниот и верен народ и на тој начин да ги соедини сите со Христа, рече г.Пимен, митрополит европски

По литургијата за Свети Никола, верниците ја организираа масовната литија од Соборниот храм до градскиот плоштад, каде беше извршен Водосвет и беше благословна и прекршна празничната погача.
Свети Никола е заштитник на сиромашните, морепловците, рибарите и децата.

