Државјанин на Косово вчера бил протеран од земјава, откако на граничниот премин Белановце не застанал на пасошка контрола.
– Полицијата информира дека бил приведен Б.Ш.(30 години) од Косово, затоа што управувајќи патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, не застанал на пасошка контрола
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од судија од Основен суд Куманово му е изречена прекршочна санкција од Законот за странци и протерување од земјата.
