Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи.
Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место, соопшти МВР.
