Искршил рампа, па удрил во полициско возило

Триесетгодишен скопјанец бил приведен, откако претходно искршил наплатна рампа кај Романовце, а на влезот од Скопје удрил во полициско возило.

Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(30 години) од село Батинци, скопско. Претходно, околу 01.00 часот на автопат Скопје – Куманово тој со возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, искршил рампа на наплатна станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.