Куманово е подготвено за зимско одржување на патиштата и улиците, информираа денеска надлежните од општина Куманово. Покрај градот, избраната компанија е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово. Во чистењето на градот вообичаено се вклучуваат и екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“.