Кумановец нападнат во угостителски објект од две лица

Дваесет и деветгодишен кумановец вчера рано наутро пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект од страна на две лица.

Имено М.С. од Куманово пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Куманово, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Љ.Ѓ. и уште едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат, дека се работи на расчистување на случајот.