Пожарникарите гаснеле запален оџак и автомобил

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие имале две интервенции. Тие првин интервенирале на запален оџак во населбата Гоце Делчев, во близина на м.в Кошеви. Интервенцијата била од 11:15 до 11:45 часот. Пожарот го гаснеле четворица пожарникари, со едно противпожарно возило, стои во дневниот извештај од РЦУК.

Втората интервенција била на запален автомобил во село Отља во период од 17 до 18 часот.