(ФОТО) Кумановци скокаа по светиот крст, најсреќен Никола Бојковски
Дваесет и деветгодишниот, Никола Бојковски е најсреќниот меѓу дваесетмината кумановци коишто скокаа по светиот крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“, по повод денешниот празник, Богојавление, Водици.

Бојковски повеќепати досега учествувал на оваа традиционална манифестација, но годинава за прв пат го фатил светиот крст.

– Не е прв обид, но прв пат го фатив крстот. Очекувам благосостојба, среќа, здравје за сите-истакна тој.

Среќниот верник доби пригодни подароци од Кумановско-осоговската епартија и Општина Куманово.

Претходно во соборниот храм „Свети Никола” се одржа и литургија, на која присуствуваа голем број верници, од кои што дел пресекоа славски колач, зедоа осветена вода и се помолија за здравје, мир и благосостојба.


