ЈП „Водовод“ годинава планира да реализира повеќе проекти, со сопствени средства или пак средства обезбедени преку грантови. Меѓу клучните проекти е санација на доводниот челичен вод од селото Липково до филтер станицата, посочуваат надлежните.
Цената на водата во Куманово од јануари годинава изнесува 49, 39 денари за кубен метар. Наплатата кај физичките лица лани била 81 процент, кај правните 87 отсто.
Инаку, градоначалникот Максим Димитриевски објави дека за изградба на фекална и атмосферска канализација, во буџетот за 2022 година општина Куманово предвидува 35 милиони денари. Преку значајни комунални проекти кои се суштински важни за функционирањето на граѓаните го подобруваме овој сегмент од урбаното општествено живеење, потенцира Димитриевски.
Изминатите 4 години во Куманово биле изградени над 13.800 метри атмосферска и фекална канализација.
