-Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на образованието, потенцирајќи дека во изминатите 4 години реализиравме над 160 проекти во училиштата, а во следните 4 години еден од главните приоритети на Општина Куманово ќе остане подобрувањето на условите во училиштата, објави на ФБ, градоначалникот Максим Димитриевски.
Во моментот се врши реконструкција во училишните објекти на Гимназијата „Гоце Делчев”, „Перо Наков”, ООУ „Карпош”, во село Умин Дол, реконструкција на тоалети во ООУ „Битолски Конгрес” во с. Лопате и во ООУ „Вук Караџиќ”.
Завршена е новата фасада во ОСТУ „Наце Буѓони”, како и новите спортски игралишта со тартан подлога во ООУ „Крсте Мисирков” и ООУ „Браќа Миладиновци”, во ООУ „Вера Которка“ во с. Клечовце, во ООУ „Кирил и Методиј” во с. Романовце и с. Агино Село, а следуваат уште многу други проекти во основните и средните општински училишта, напиша Димитриевски.
