Се уште нема да се укинат вакциналните сертификати
Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека земјава се уште е во нов бран од ковид 19 и бројките на заразени никако да се намалат, но не се потребни рестрикции.
Нагласи дека состојбата се следи, и нема да се случи укинување на вакциналните сертификати, нешто што почнаа да го реализираат дел од европските земји.