Во организација на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ OK – Куманово синоќа, во малата сала на центарот за култура се одржа трибина на тема “Методи и пристап на дислексија”. Според статистиката, 5 до 10 проценти од популацијата во РМ имаат дислексија. За оваа состојба кај децата, но и кај возрасните зборуваше дефектологот Наташа Крстевска.