Ограбена лабораторија во Куманово
СВР Куманово информира дека синоќа пред полноќ вработена во лабораторија на улица „Пиринска“ пријавила дека во лабораторијата било влезено со употреба на сила и биле одземени пари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.