МВР информира дека вчеравечер во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 33-годишен кумановец. Според МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага. Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.