Осум нови случаи на ковид-19 во Куманово, активни 20

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19, од нив осум во Куманово. Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови.

Според податоците од министерството бројот на активни случаи во земјава изнесува 435, во Куманово 20.