ВИДЕО: Кумановци уживаа во комедијата „Власт“ на Театар Штип

Во рамки на фестивалот „Денови на комедија 2022“ синоќа во Центарот за култура штипскиот театар ја изведе претставата „Власт“. Делото кое е по текстот на Бранислав Нушиќ, е во режија на  Ѓорѓи Ризески, ја изведоа актерите Ефтим Трајчов Ѓаурски, Никола Милошевски, Миланчо Ѓеоргиев, Милорад Ангелов, Елена Шорова Дербов,  Ава Хусеини, Стефанија Митровска, заедно со Марко Трајковиќ.

Актерот Трајчов Ѓаурски вели дека секогаш со задоволство настапува пред кумановската публика, која истакна дека е меѓунајотворени и знае да награди. Тој ја поздрави одлуката од годинава фестивалот да биде со натпреварувачки карактер.

По оваа претстава следуваше стенд уп на  Миро, Чедо, Мара и Анѓа со Тино и Атанас. Вечерва на фестивалот ќе се изведе претставата Да инспекторе на нардониот театар Војдан Чернодрински од Прилеп.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ!