ВИДЕО: Започна акцијата „Куманово мој зелен дом“

Со едукативни предавања во неколку училишта и со засадување на листопадни садници- јасен денеска започна еколошката акција „Куманово мој зелен дом“. Организатор на еко-акцијата е општина Куманово. Учениците се информираа за локациите каде се поставени специјализирани садови за смет за рециклирање на стакло, пластика и хартија, за батерии. Воедно, им беше посочено за ризиците од фрлање на несоодветен отпад пред сè пластика која со децении ја загадува почвата, реките.

-Секогаш започнуваме од најмалите, денеска ги посетивме оу кочо рацин еколошките тимови, толи зордумис, наце буѓони. Цел е да ја прошириме еколошката свест односно да кажеме што можеме ние како ученици и ние како луѓе што живееме во Куманово да помогнеме и за зачувување на екологијата во Куманово и воопшти на хигиената на Куманово. Со нас се претставници на Аутомакедонија кои ја искористија нашата еколошка акција да се придружат и да кажат за новините во однос на електричните возила. Денеска ќе завршиме со пошумување заедно со учениците од „Наце Буѓони“, ќе посадиме садници со помош на „Чистота и зеленило, овде на споменик Костурница, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово.

Во еколошката акција како општествено одговорна компанија се вклучи и Аутомакедонија со презентација на предностите на електричниот автобус.

-Електричниот автобус  е сто процентно еколошки, 100 отсто електричен и во име на екологијата нема никаква емисија на издувни гасови, никакви вибрации, никаква бучава не предизвикува кога се движи, соодветен е за урбани градски средибни, изјави Елена Тодорова, Аутомакедонија.

Во рамките на акцијата ќе бидат посетени сите училишта заради дополнителна едукација и подигнување на еколошка свест на учениците.