ЖРК Куманово ќе се сретне со израелскиот Макаби Аразим
Ракометарките на Куманово денеска во Израел го играат првиот меч од второто коло во рамките на Европскиот куп. За противник кумановки го имаат составот на израелскиот Макаби Аразим. Екипата на Макаби е составена главно од искусни интернационалки и помлади домашни ракометарки.
Минатата сезона во Европскиот Куп имаа забележителни резултати, натпреварувањето го завршија во 1/8 финалето, беа поразени од шпанската екипа Елче.
Реванш натпреварот избраничките на Драгана Ристова ќе го играат веќе утре. Двата натпревари ќе се одиграат во градот Рамат Ган во Израел, а кумановки на едниот ќе имаат улога на гостинска екипа, а на другиот како домаќини.