Тројца новозаболени кумановци од коронавирусот изминативе три дена
Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од нив тројца новозаболени кумановци, а не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 починати лица, од Скопје и Кавадарци на возраст од 58, 73, 80 и 96 години.
Од почетокот на епидемијата заболени се вкупно 343.391, а бројот на активни случаи изнесува 339 . Во Куманово има 15 активни случаи, а вкупно досега од ковид -19 заболени се 18.321.