Министерот Спасовски во Женева оствари билатерална средба со Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Високиот комесар за бегалци,  Филипо Гранди.
Во однос на Глобалниот пакт за бегалци, како еден од низата клучните меѓународни инструменти на ОН, чија договорна страна е и нашата земја, Спасовски нагласи дека државата континуирано дава силна поддршка, а во изминатиов период беа исполнети добар дел од заложбите, вклучително и усогласување на националното со европското  законодавство, усвојување на важни документи од областа на азилот односно миграциите, директиви на ЕУ, кои се во висок степен вградени во националната позитивна легислатива.
На средбата беа поздравени заложбите на државата за зајакнување на управувањето со системот на азил, имајќи предвид дека во текот на пандемијата, Северна Македонија беше меѓу првите што пристапи кон спроведување на интервјуа со баратели на право на азил преку онлајн платформа, со цел зачувување на нивното здравје, а за цело времетраење на вонредната состојба беше обезбеден непречен пристап до постапката за признавање на право на азил, за сите лица кои имаа потреба од меѓународна заштита.
За време на разговорите беа отворени и темите за тековната ситуација со мигрантите, предизвиците поттикнати од конфликтите кои резултираат со раселувања од огромни, па во врска со новите геополитички случувања, министерот Спасовски информираше државата, иако не е на главната евакуациска рута, ја изрази својата хуманост преку прифаќање на украинските бегалци и нивните семејства кои побараа засолниште во Северна Македонија, па од почетокот на кризата до денес се издадени 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини, додека досега нема лица украински државјани кои побарале азил на територија на РСМ.