ВИДЕО: СДСМ: Како е можно базенот да работи цело време ако е технички неисправен?

Координаторот на советничката група на СДСМ, Александар Јовановски денеска повторно одржа прес-конференција пред градскиот базен од каде што истакна дека директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски не одговорил на ниту едно прашање поврзани со нефункционирањето на базенот. Прашањата на кои што советничката група на СДСМ не добила одговор од надлежните ќе бидат поставени на утрешната седница на Советот на општината, информира Јовановски.

-Цениме дека ќе беше коректно и чесно од негова страна доколку навистина ги почитуваат мерките на Владата да излезеше со информација ,да покаже сметка која добавувачот за електична енергија им ја доставува па да споменува конкретни цифри .

Исто така можеше  да ни каже дали сега е рентабилна ЈП „Чистота и зеленило“ откако им ги зголеми и цените на услугите на кумановци за 50%. Дали претпријатието е ликвидно ?

Во делот на познавање и непознавање на материјата прашуваме јавно,зошто се зголемени средствата од 6 на 8 милиони денари ,пари на граѓаните , кои Општина Куманово преку Програма за училишен спорт треба му ги префрли на ЈП „Чистота и зеленило“ и дали завршуваат тие средства за да се сервисира овој базен и да работи ? Дали таа Програма се спроведува во пракса или постои само на хартија ?

За ускладувањето со Владата, неплаќањето обврски кон УЈП ,хипотеките односно давањето на објекти под залог како и 30 години владеење на СДСМ, му порачуваме да се ускладат ставовите во нивното здружение „Наше Куманово“ па кога веќе се споменуваат поранешни и сегашни функционери на СДСМ да каже кој бил директор на ЈП „Чистота и зеленило“  во тоа време, и каде се наоѓаат сите кадри што ја менаџираа „Чистота и зеленило“ и базенот вклучувајќи го и него  во последните 10 -ина години?  Дали неговите претходници работеле домаќински и чесно и дали побарал одговорност за нивната работа?

И сосема за крај , ако е вистина дека базенот бил недовршен ,технички неисправен и со пропусти во изградбата за што како што и самиот кажа постои тужба, јавно прашуваме како е можно да работи цело ова време?  Дали некој од корисниците на услугите на овој Базен со тоа не се изложени на опасност и кој ќе сноси одговорност ако се потврди дека овие обвинувања се вистина?, рече Јовановски.

Градскиот базен беше затворен минатиот петок, а според надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повторно ќе биде ставен во функција за јавна употреба од месец април 2023 година по примерот на останатите затворени базени во државата.