Организаторите на „Бисерчиња“ и на „Вдиши уметност“ на средба во општината

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска  денеска се сретнаа со претставници од „Мулти Арт”- Асоцијација за уметност и култура, организатори на детскиот фестивал „Бисерчиња” и со членови на здружението „Биди своја”, кoe ја организираше уметничката вечер „Вдиши уметност”.

Во име на Асоцијацијата, Тања Тодоровска додели благодарница за поддршката на детскиот музички фестивал, кој беше организиран за првпат во нашиот град.
Во име на организацијата на уметничката вечер „Вдиши уметност“ се заблагодари Оливера Трајковска.