Во Куманово само три активни случаи на коронавирусот
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19. Новозаболени кумановци од ковид-19 нема, а во текот на изминатото деноноќие оздравени се четворица кумановци. Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, а бројот на активни случаи изнесува 284.
Во Куманово од почетокот на пандемијата вкупно заболеле 18.242 граѓани , а активни се само три случаи.