Со бројни културни и спортски манифестации ќе се одбележи Денот на градот. Одбележувањето започнува со настан за дигитализирање на археолошки содржини за локалитетот Градиште, село Младо Нагоричане и локалитет Црквиште, село Клечовце, потоа со проектот Едукација и за нас невидливите, проекција на документарниот филм Мека душа за тврдо железо, Денови на Балканска етно ризница, фолклорен концерт на КУД Бајрам Шабани, меѓународен позитивен турнир во пинг понг. Следуваат и двата концерти на 9-ти и 10-ти ноември на градскиот плоштад, ликовната изложба Карпино, традиционален турнир во фусал, улична трка, изложбата Кумановски ликовни уметници. На 11-ти ќе се положи свежо цвеќе пред Спомен Костурница, а потоа ќе следи и свечената седница, како и велосипедска трка и кошаркарски турнир, планинарски марш и уште неколку работилници и изложби.
