ВИДЕО: Куманово домаќин на трката „Born 2 Run 2022”
Центарот за интеркултурен диjалог (ЦИД) денеска ја организираше трката за инклузивно Куманово. Трката „Born 2 Run 2022“ се реализира во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Општина Куманово и МВР – СВР Куманово, a главна цел е да ги собере младите од различни етнички заедници од Куманово на едно место каде што ќе имаат можност да спортуваат, да се дружат и да креираат нови позитивни искуства. Овој настан се организира петта година по ред, а годинава за разлика од претходните години, трката е поддржана и од Армијата.
