СВР Куманово: Приведен 33-годишен кумановец баран по потерница
СВР Куманово информира дека вчеравечер во 20.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Р.( 33) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и 236 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, соопштија надлежните.