Се уредуваат тротоарите кај градски стадион

Почна уредувањето на тротоари кај градскиот стадион. На оваа локација ќе биде поставен бекатон на површина помала од 1.000 метри квадратни.

Уредувањето со бекатон на локацијата покрај која се сместени детска градинка, расадник на „Чистота и Зеленило“, објект кој го користи дел од општинската администрација и подрачно одделение на МОН е дел од проектот реконструкција на улицата „Братство и единство“. Неодамна заврши реконструкцијата на улицата од кај старата градска џамија од влезот на улицата „11 Октомври“, а претходно улицата се санираше во долниот дел од кај автобуската станица, долж стариот градски парк.