Амбасадорот на Јапонија во Македонија Савада Хиронори заедно со градоначалникот Максим Димитриевски денеска го посетија одделот за интерни болести при општа болница Куманово каде што минатата година беше дониран кардиолошки ехо апарат. Со ултразвучниот апарат просечно секој месец се прават педесетина прегледи, информираат надлежните.
„Со помош на новиот ехо апарат, пациентите од шест општини во северо-источниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија, истакна амбасадорот на Јапонија, кој присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во јавната здравствена установа во Куманово. Новиот ехо апарат е со вкупна вредност од 54.000 евра.