Приведен кумановец за „разбојништво“

Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода 29-годишен кумановец.

Тој бил осуден на седум години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од две години и три месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за доиздржување на казната, соопштија надлежните