СВР Куманово апелира за совесно и одговoрно однесување во пресрет на празниците

СВР Куманово континуирано презема мерки и спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Покрај дневните контроли за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, кои управуваат со возило под дејство на алкохол или оние кои непрописно престигнуваат, се врши и снимање со т.н. „ноќен радар“ за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Меѓу другото, полициските службеници се распоредени на терен и согласно своите законски надлежности преземаат соодветни мерки доколку се случи сообраќаен метеж. Сообраќајните контроли се пред се да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Секој од нас посебно во овие претпразнични денови да се однесува одговорно во делот на сообраќајот дали се возачите или пешаците бидејќи сите се учесници во сообраќајот. Во името на Секторот за внатрешни работи Куманово апелирам посебно во овој период граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел сите ние безбедно и смирено да ги поминеме престојните празници.