Опожарен семеен дом, касната кумановка од бездомно куче
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека рано утрово во 04 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Лесковачка“ настанал пожар во куќа, сопственост на 91-годишен жител на Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото.
Ден претходно, во СВР Куманово попладнето било пријавено дека на улицата „Власто Радоњанин“, 39 -годишна жена од Куманово била касната од куче скитник.