Преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион нови возила и опрема ќе добијат противпожарните единици во општините Куманово и Ранковце, а делумно ќе биде саниран и објектот каде што е сместена пожарната во Куманово.
Средствата за проектот се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарска Агенција за развој и соработка преку инвестицискиот проект со дигитална компонента од грантовата шема „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ втора фаза.