„Методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата. Во март секоја година, согласно оваа методологија ќе се усогласува минималната плата,” изјави Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Таа истакна дека во рамки на Економско- социјалниот совет, во март ќе се разговара за минималната плата согласно податоците добиени од ДЗС.
„Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13% или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000 денари повисока минимална плата,” посочи Тренчевска.