Обид за кражба од објект во изградба на „Доктор Рибар“
МВР соопшти дека вчеравечер по 22 часот, полициски службеници од СВР Куманово привеле две лица, кумановец и штипјанец, двајцата на 45-годишна возраст. Тие биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово. Истите биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави, информираат надлежните.