Организирани игри под маски, палење на василичарски огнови, кршење лепче се паричка се дел од обичаите поврзани со празникот Василица, кои се помалку се практикуваат во кумановскиот регион.
До неодамна карактеристични за селото Орашац беа џамаларите, посочува м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог во НУ Музеј Куманово.