ВИДЕО: Алијанса на Албанците ги избира раководните органи

Во Куманово денеска се одржа седница на Централното Собрание на Алијанса за Албанците, на која се избираа раководните органи на партијата, откако во декември лани,  на вонреден конгрес Арбен Таравари беше избран за претседател.

Таравари во изјава за медиумите пред почетокот на седницата рече дека досега немало конкретен предлог од премиерот Димитар Ковачевски и дека допрва ќе се договараат со партиското членство дали да останат опозиција или евентуално да влезат во владиното мнозинство.

Видеото по вестите во 18 часот.