Осумдесетина возачи казнети на подрачјето на СВР Куманово

Полициските службеници вчера казниле вкупно 83 возачи на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните биле поради непрописно затемнети стакла и возење без возачка дозвола.

МВР соопшти дека  при контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли, како што посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.