Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ в среда во Центарот за култура

„Идентитетот е приказна“ е насловена книгата од Иван Антоновски што ќе биде промовирана в среда, во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.

Промотор на книгата е Весна Мојсова Чепишевска, а фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска- Илиќ и Анастасија Величковиќ.

Авторот Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.

Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.