Околу 12.000 граѓани пријавиле приходи во УЈП

11 981 годишна даночна пријава се примени во даночното одделение Куманово заклучно со вчера. Обврска да ги пријават приходите имаат сите оние граѓани кои што освен од плата, пензија или од земјоделска или самостојна дејност, во 2015-та година оствариле  и приходи од кирии, издавање на имот под закуп, авторски права, индустриска сопственост, исплата на дивиденди, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот , добивка од наградни игри во износ поголем од 5000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани интернет страни , лични примања од странство, работно ангажирање во амбасади, мисии на меѓународни организации и слично.

– Граѓаните кои во 2015-та година оствариле приходи по основ на надоместок од договор за дело, авторски договори и други договори за кои постоеше обврска за плаќање на социјални придонеси за т.н. хонорарци согласно одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 01.01.2015 година до 31. 07. 2015 потребно е да се искажат соодветно и во годишната даночна пријава во зависност од видот на исплатата. Работодавецот и фирмите кои вршеле исплати на приходи во изминатите години имаат законска обврска најдоцна до 25 јануари 2016-та година да извадат збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2015 година, изјави Стефан Симоновски, даночен самостоен советни во УЈП, Куманово

До 15 март треба да се пријават и приходите остварени преку интернет, информираат од  УЈП.

-Граѓаните имаат  обврска да ги пријават приходите остварени преку интернет , е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни како што се фриленсер, аплоуд и други, поставување на реклами на сопствени интернет страни , прогнози дојави на типови за спортски натпревари, и други дополнителни приходи надвор од нивните плати или пензии. Потсетуваме дека работното време на ујп даночно одделение куманово е од понеделник до петок од 8,30 до 18 часот и сабота од 8,30 до 14. Истовремено потсетуваме и на можноста за поднесување на годишните даночни пријави преку е-даноци и преку пошта. Во РМ  се примени 248 291 од кои 1 211 преку е-даноци, односно електронски, на ниво на регионална дирекција штип примени се 56 029 годишни даночни пријави. Изјави Сузана Стошевска – Николовска, координатор на Даночно одделение Куманово и регионален портпарол на Регионална дирекција Штип

-Исто така сите обврзници на песонален данок на доход регистрирани како трговци поединци, како физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска и лица кои вршат услуги или слободни занимања пополнуваат даночен биланс и биланс на приходи и расходи и задолжително го поднесуваат во УЈП  по електронски пат најдоцна до 15 март 2016 година како и до централниот регистар на РМ , изјави Стефан Симоновски, даночен самостоен советни во УЈП, Куманово

Во врска со поднесувањето на годишна даночна пријава и пријавување на приходите, денеска во УЈП Куманово се одржа обука на книговодителите. Инаку, надлежните посочуваат дека  управата за јавни приходи воспоставила пракса за обуки и едукации на сметководителите на теми кои се актуелни во тековниот месец , а таквите активности ќе продолжат  и во наредниот период.

Коментари

коментар(и)