На ГП Деве Баир приведени тројца бугарски државјани

МВР информира дека денеска околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на тројца бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.