Петмина повредени при судир на „туран“ и полициско возило

Пет лица, меѓу кои и двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила меѓу „туран“ и полициско „шевролет спарк“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, констатирани во Општа болница Куманово.