ВИДЕО: До септемви годинава ќе се санира кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Кровот  на училишниот објект на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ ќе биде реконструиран до следната учебна година, најави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Од друга страна пак, градоначалникот  Максим Димитриевски порача – ако ресорното министерство не може да го реши проблемот, општината ќе преземе мерки за санација на кровната контрукција.